СПИСОК НА УЧЕСНИЦИ НА НАТПРЕВАРОТ ПО АСТРОНОМИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАД 1.04.2017
Превземи список во PDF Список со поени 2017
All About Astronomy in Macedonia
СПИСОК НА УЧЕСНИЦИ НА НАТПРЕВАРОТ ПО АСТРОНОМИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАД 1.04.2017
Превземи список во PDF Список со поени 2017
31.03. 2017 (петок)
09:30 Регистрација на учесниците 09:55 Отвoрање на Школата
10:00 „Каде што астрофизиката ја среќава квантната механика“ – Ирина Петреска
10:40 „Меѓуѕвездена прашина“ – Наце Стојанов
11:20 Пауза
12:10 „Најголемите познати објекти во Вселената“ – Даница Крстовска
12:50 „Во потрага по магнетните монополи“ – Александар Ѓурчиновски
13:30 Пауза
13:45 „Ѕвездените патеки и физиката на 21-век“ – Моника Пешевски
14:25 „Астрономски камп на ESO“ – Давид Дамјаноски
14:45 Крај на првиот ден на школата и регистрација на учесниците на натпреварот
01.04.2017 (сабота)
09:30 „Декодирање на ѕвездената светлина видена низ окото на ЧАНДРА“ – Љубе Бојевски
10:10 „Неутронски ѕвезди и нивно ладење“ – Олгица Кузмaновска 10:50 Пауза
11:20 „Пулсари во тесно двојни системи и докази за Општата теорија на релативност“ – Марко Шунтов
12:00 Затворање на 19 астрономска школа
12:10 Натпревар по астрономија: „XIX Зимска астрономска школа“
Превземи програма во PDF 19 Школа по астрономија_2017
На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 31 март и 1 април (петок и сабота) 2017 г., во организација на Македонското астрономско друштво (МАД) ќе се одржи XIX Зимска школа по астрономија. Регистрацијата на учесниците е во 9:30 часот на 31 март (петок). Предавањата се од популарен карактер, со актуелни теми кои ги опфаќаат најновите астрономски достигнувања. Во склоп на Школата на 1 април (сабота) за учениците кои ќе сакаат да си ги одмерат своите знаења од астрономија ќе се одржи натпревар по астрономија. Натпреварот по астрономија нема формален карактер и не се смета како државен (републички) натпрева!
Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 6 до 23 март 2017 задолжително треба да го пријават учеството на Школата.
Поради непополнет број на учесници на школата електронското пријавување продолжува до понеделник до 27 март (до полноќ) и потоа списокот се затвора.
Во случај на надминување на бројот на учесници пријавување може да заврши и пред истекот на крајниот рок.
Потребните податоци за ученикот: Име и презиме, училиште, град, e-mail адреса, пријавете ги на следнава веб адреса
Пријава за учество на Астро школата (кликни тука)
Списокот со прифатените учесници ќе биде истакнат на 24 март на истата адреса. За дополнителни информации јавете се на следниве телефони Гордана Апостоловска тел. 02 3249874, e-mail: mad.astronomija@gmail.com, факс 02 3228141 или проверете на горната интернет адреса.
На натпреварот може да учествуваат само учесници на XIX Зимска школа по астрономија. Прифатените учесници на Школата (ученици и наставници) котизацијата за учество на Школата во износ од 600 денари ќе треба да ја уплатат најдоцна до 28 март на жиро сметка на Македонското астрономско друштво: Број на жиро-сметка на МАД 300 0000010538 44, Комерцијална банка АД Скопје, Даночен број 4030995355753. Да се води сметка на уплатницата да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил.
Важни датуми:
Од 6 до 23 март 2017 – електронско пријавување;
24 март – објавување на список на прифатени учесници;
24 до 28 март – уплата за школата 600 денари;
31 март– Регистрација на учесници ( и уплата oд 700 денари за тие што не платиле претходно).
Ако учесникот уплаќа во готово на денот на одржување на школата, цената за котизација изнесува 700 денари.
Организаторот има право да не ги прифати учениците кои ќе дојдат на Школата а претходно не биле пријавени. Диплома за учество добиваат само наставниците кои ќе присуствуваат на Школата. Учениците не добиваат диплома за учество.
Со почит
Секретар на МАД
д-р Гордана Апостоловска