КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРОТ ПО АСТРОНОМИЈА 23.02.2019
Сертификатите за освоено место и пофалниците учениците ќе треба сами да ги подигнат
Контакт: mad.astronomija@gmail.com
All About Astronomy in Macedonia
КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРОТ ПО АСТРОНОМИЈА 23.02.2019
Сертификатите за освоено место и пофалниците учениците ќе треба сами да ги подигнат
Контакт: mad.astronomija@gmail.com
ПРОГРАМА на XXI Зимска школа по астрономија
22.02. 2019 (петок)
8:30 Регистрација на учесниците
9:30 Отвoрање на Школата
9:35 Месечината одблиску – Олгица Кузмановска
10:05 Експерименти со флуиди во услови на микрогравитација – Александар Скепаровски
10:45 Опасностите кои не следат при вселенските патувања – Ристе Попески Димовски
11:25 Пауза со оброк
12:15 Кратка историја на потрагата по темната материја – Александар Ѓурчиновски
12:50 Светлата страна на темната материја – Наце Стојанов
13:30 Пауза со ужина
14:00 Улога на спектралните линии при астрофотографијата на маглините – Сашо Панов
14:30 Комплексот Brú na Bóinne и неговото астрономско значење – Моника Пешевска
15:10 Регистрација на учесниците на натпреварот
23.02.2018 (сабота)
10:00 Натпревар по астрономија: „XXI Зимска астрономска школа“
Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 01 до 17 февруари 2019 г. задолжително треба да го пријават учеството на Школата
Во случај на надминување на бројот на учесници пријавување може да заврши и пред истекот на крајниот рок.
Потребните податоци за ученикот: Име и презиме, училиште, град, e-mail адреса, пријавете ги на следнава веб адреса
МАКЕДОНСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО
ИНСТИТУТ ЗА ФИЗИКА ,
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
Скопје, Македонија
Тел. 02 3249859, Факс 02 3228141
http://astronomy.pmf.ukim.mk/
На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 22 и 23 февруари 2019 г. (петок и сабота), со почеток од 8:30 часот, во организација на Македонското астрономско друштво (МАД) ќе се одржи XXI Зимска школа по астрономија. Предавањата се од популарен карактер, со актуелни теми кои ги опфаќаат најновите астрономски достигнувања.
Во склоп на Школата на 23 февруари (сабота) за учесниците на Школата кои ќе сакаат да си ги одмерат своите знаења од астрономија ќе се одржи натпревар по астрономија. Натпреварот нема формален карактер и не се смета како државен (републички) натпревар.
Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 1 до 17 февруари задолжително треба електронски да го пријават учеството на Школата на web-адресата: http://astronomy.pmf.ukim.mk/. Потребни се следните податоци: име и презиме, училиште, град, e-mail, адреса.
Котизацијата за учество изнесува 600 денари и со неа се добива еден примерок од Астрономскиот алманах, оброк и ужина. Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 20 февруари на жиро сметката на Македонското астрономско друштво: 300 0000010538 44, Комерцијална банка АД Скопје, Даночен број 4030995355753 (Да се води сметка на уплатницата да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил) .
Наставникот кој ќе доведе група од 5 и повеќе ученици е ослободен од котизација.
ВАЖНИ ДАТУМИ:
Дополнителни информации на тел.: 02 3249 859, 02 3249874 e-mail: mad.astronomija@gmail.com,
web-страна: http://astronomy.pmf.ukim.mk/.
Со почит,
Претседател на МАД
д-р Олгица Кузмановска
Почитувани ученици, наставници и родители,
Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“, во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).
Настанот е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика.
Оваа година настанот ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена во ноември 2018 година и тоа:
и ќе вклучува повеќе настани:
– научно-популарни предавања,
– натпревар во експеримент/изработка/симулација/модел од ученик (во понатамошниот текст – експерименти),
– презентации на искуства од наставници,
– работилници,
– посета на лаборатории на ПМФ и
– други активности.
*Делот од настанот „Ноември – месец на науката“ од областа на физика за учениците од основните и средните училишта ќе се одржи во рамките на 42. Школа на млади физичари која ќе се одржи 9. и 10. ноември (информации за организација и пријавување: http://dfrm.org ).
За учество на настанот секој ученик и секој ментор/наставник треба да се пријави најдоцна до 15 октомври (петок) 2018 година со пополнување на електронска пријава на: https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА).
Пријавувањето ќе започне од 17. септември (понеделник).
Наставниците (освен како ментори) може да учествуваат со презентација со пополнување на соодветниот формулар за презентацијата даден погоре во текстот при што со една презентација се пријавува еден наставник.
Пополнувањето на образец со опис на експериментите (на учениците) или презентацијата (на наставниците) кој може да го најдете на https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА) треба да се испрати на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com најдоцна
– до 15. октомври (за основно – I – VI одд.)
– до 22. октомври (за основно – VII, VIII и IX одд.) и
– до 26. октомври (за средно).
За дополнителни информации испратете порака на mesec.na.nauka@gmail.com
Котизацијата за учество на настанот треба да се уплати најдоцна до 26.октомври 2018 година (петок) (пример уплатница е дадена на https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА) (за групна уплата да се достави список на дадениот e-mail) и изнесува:
• за ученик – 300 денари и вклучува учество на еден ученик со еден експеримент. Ученик има право да се пријави на настанот без експеримент и да учествува во другите активности.
• за наставник – 300 денари.
Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на „Ноември – месец на науката“ ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите учесници на натпреварот во експериментите од одредена област, како и на нивните ментори.
ЗАЕДНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО АФИРМАЦИЈА НА НАШИТЕ НАУКИ!
Со почит,
Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ Доц. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ Проф. д-р Алекса Малчески, претседател на СММ Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД |
Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД
Мартин Стојановски, претседател на САД Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД Моника Димиќ, претседател на ИДСБ Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ |
РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРОТ ПО АСТРОНОМИЈА 24.02.2018
ПРОГРАМА на XX Зимска школа по астрономија
23.02. 2018 (петок)
08:30 Регистрација на учесниците
09:30 Отвoрање на Школата
09:40 ПАРАЛЕЛНИ ВСЕЛЕНИ – Наце Стојанов
10:10 КВАЗАРИ – Олгица Кузмановска
10:50 НЕКОИ ТЕХНОЛОГИИ ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАПРЕДОК НА ВСЕЛЕНСКИТЕ ПАТУВАЊА –
Ристе Попески Димовски
11:10 Пауза со оброк
12:00 ЈУПИТЕР И НЕГОВИТЕ САТЕЛИТИ –Моника Пешевска
12:40 КОСМОСОТ НА КАРЛ САГАН – Александар Ѓурчиновски
13:00 „ЅВЕЗДЕНИТЕ ПАТЕКИ“ И ФИЗИКАТА НА 21 ВЕК (II ДЕЛ) – Моника Пешевска
13:30 Пауза со ужина
14:00 НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ЗА 2017 – Кимет Јусуфи
14:30 „TEACH ASTRONOMY“ – Ана Трпковска
Регистрација на учесниците на натпреварот
24.02.2018 (сабота)
10:00 Натпревар по астрономија: „XX Зимска астрономска школа“
Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 01 до 17 февруари 2018 г. задолжително треба да го пријават учеството на Школата
Во случај на надминување на бројот на учесници пријавување може да заврши и пред истекот на крајниот рок.
Потребните податоци за ученикот: Име и презиме, училиште, град, e-mail адреса, пријавете ги на следнава веб адреса
На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 23 и 24 февруари 2018 г. (петок и сабота), со почеток од 8:30 часот, во организација на Македонското астрономско друштво (МАД) ќе се одржи XX Зимска школа по астрономија. Предавањата се од популарен карактер, со актуелни теми кои ги опфаќаат најновите астрономски достигнувања.
Во склоп на Школата на 24 февруари (сабота) за учесниците на Школата кои ќе сакаат да си ги одмерат своите знаења од астрономија ќе се одржи натпревар по астрономија. Натпреварот нема формален карактер и не се смета како државен (републички) натпревар.
Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 1 до 17 февруари 2018 задолжително треба електронски да го пријават учеството на Школата на web-адресата: http://astronomy.pmf.ukim.mk/. Потребни се следните податоци: име и презиме, училиште, град, e-mail адреса.
Котизацијата за учество изнесува 600 денари и со неа се добива еден примерок од Астрономскиот алманах, оброк и ужина. Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 20 февруари на жиро сметката на Македонското астрономско друштво: 300 0000010538 44, Комерцијална банка АД Скопје, Даночен број 4030995355753 (Да се води сметка на уплатницата да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил.) .
Наставникот кој ќе доведе група од 5 и повеќе ученици е ослободен од котизација.
ВАЖНИ ДАТУМИ:
– до 17 февруари 2018 – електронско пријавување;
– до 20 февруари – уплата на котизација од 600 денари;
– 23 февруари– регистрација на учесници (и уплата oд 750 денари за тие што не платиле до 20 февруари).
Дополнителни информации на:
тел. 023249859 ,
e-mail: mad.astronomija@gmail.com,
web-страна: http://astronomy.pmf.ukim.mk/.
Почитувани ученици и наставници,
Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Друштвото на физичарите на Р. Македонија (ДФРМ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).
Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, физика, хемија, биологија, географија и математика и ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три викенди во ноември 2017 година и тоа:
и ќе вклучува повеќе настани: научно-популарни предавања, изложба и натпревар во демонстрации/изработки/експерименти/симулации/модели од ученици, презентации на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности.
За учество на настанот секој ученик и секој наставник треба да се пријави со пополнување на електронска пријава најдоцна до 30 септември 2017 година и да уплати котизација за учество. Освен тоа, треба да се пополни формулар со опис на демонстрацијата (на учениците) или презентацијата (на наставниците) и да се испрати на дадената електронска адреса најдоцна до 15 октомври (за основно) и до 27 октомври (за средно).
Сите потребните информации и формулари може да се најдат тука:
Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на настанот ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите ученици на натпреварот во демонстрации, како и на нивните ментори.
Да се вклучиме сите и заедно да придонесеме за популаризација на природните науки!
Со почит,
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД Доц. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД |
Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД
Мартин Стојановски, претседател на САД Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ |