Ноември – месец на науката

 

Почитувани ученици, наставници и родители,

Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“, во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Настанот е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика.
Оваа година настанот ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена во ноември 2018 година и тоа:

  • 10. ноември за ученици од I-VI одделение
  • 17. ноември за ученици од VII-IX одделение и
  • 24. ноември за ученици од I-IV година

и ќе вклучува повеќе настани:
– научно-популарни предавања,
– натпревар во експеримент/изработка/симулација/модел од ученик (во понатамошниот текст – експерименти),
презентации на искуства од наставници,
работилници,
– посета на лаборатории на ПМФ и
– други активности.

*Делот од настанот „Ноември – месец на науката“ од областа на физика за учениците од основните и средните училишта ќе се одржи во рамките на 42. Школа на млади физичари која ќе се одржи 9. и 10. ноември (информации за организација и пријавување: http://dfrm.org ).

За учество на настанот секој ученик и секој ментор/наставник треба да се пријави најдоцна до 15 октомври (петок) 2018 година со пополнување на електронска пријава на: https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА).

Пријавувањето ќе започне од 17. септември (понеделник).

Наставниците (освен како ментори) може да учествуваат со презентација со пополнување на соодветниот формулар за презентацијата даден погоре во текстот при што со една презентација се пријавува еден наставник.
Пополнувањето на образец со опис на експериментите (на учениците) или презентацијата (на наставниците) кој може да го најдете на https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА) треба да се испрати на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com најдоцна
– до 15. октомври (за основно – I – VI одд.)
– до 22. октомври (за основно – VII, VIII и IX одд.) и
– до 26. октомври (за средно).
За дополнителни информации испратете порака на mesec.na.nauka@gmail.com
Котизацијата за учество на настанот треба да се уплати најдоцна до 26.октомври 2018 година (петок) (пример уплатница е дадена на https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА) (за групна уплата да се достави список на дадениот e-mail) и изнесува:

• за ученик – 300 денари и вклучува учество на еден ученик со еден експеримент. Ученик има право да се пријави на настанот без експеримент и да учествува во другите активности.
• за наставник – 300 денари.

Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на „Ноември – месец на науката“ ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите учесници на натпреварот во експериментите од одредена област, како и на нивните ментори.

ЗАЕДНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО АФИРМАЦИЈА НА НАШИТЕ НАУКИ!

Со почит,

Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД

Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ

Доц. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ

Проф. д-р Алекса Малчески, претседател на СММ

Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД

Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД

Мартин Стојановски, претседател на САД

Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД

Моника Димиќ, претседател на ИДСБ

Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ

ПРОГРАМА на XX Зимска школа по астрономија

ПРОГРАМА на XX Зимска школа по астрономија

23.02. 2018 (петок)

08:30 Регистрација на учесниците
09:30 Отвoрање на Школата
09:40 ПАРАЛЕЛНИ ВСЕЛЕНИ – Наце Стојанов
10:10 КВАЗАРИ – Олгица Кузмановска
10:50 НЕКОИ ТЕХНОЛОГИИ ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАПРЕДОК НА ВСЕЛЕНСКИТЕ ПАТУВАЊА –
Ристе Попески Димовски

11:10 Пауза со оброк

12:00 ЈУПИТЕР И НЕГОВИТЕ САТЕЛИТИ –Моника Пешевска
12:40 КОСМОСОТ НА КАРЛ САГАН – Александар Ѓурчиновски
13:00 „ЅВЕЗДЕНИТЕ ПАТЕКИ“ И ФИЗИКАТА НА 21 ВЕК (II ДЕЛ) – Моника Пешевска

13:30 Пауза со ужина

14:00 НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ЗА 2017 – Кимет Јусуфи
14:30 „TEACH ASTRONOMY“ – Ана Трпковска

Регистрација на учесниците на натпреварот

24.02.2018 (сабота)
10:00 Натпревар по астрономија: „XX Зимска астрономска школа“

Пријава за учество на XX Зимска астрономска школа

Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 01 до 17 февруари 2018 г. задолжително треба да го пријават учеството на Школата

Во случај на надминување на бројот на учесници пријавување може да заврши и пред истекот на крајниот рок.

Потребните податоци за ученикот: Име и презиме, училиште, град, e-mail адреса, пријавете ги на следнава веб адреса

Пријава за учество на Астро школата (кликни тука)

XX Зимска астрономска школа

На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 23 и 24 февруари 2018 г. (петок и сабота), со почеток од 8:30 часот, во организација на Македонското астрономско друштво (МАД) ќе се одржи XX Зимска школа по астрономија. Предавањата се од популарен карактер, со актуелни теми кои ги опфаќаат најновите астрономски достигнувања.
Во склоп на Школата на 24 февруари (сабота) за учесниците на Школата кои ќе сакаат да си ги одмерат своите знаења од астрономија ќе се одржи натпревар по астрономија. Натпреварот нема формален карактер и не се смета како државен (републички) натпревар.
Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 1 до 17 февруари 2018 задолжително треба електронски да го пријават учеството на Школата на web-адресата: http://astronomy.pmf.ukim.mk/. Потребни се следните податоци: име и презиме, училиште, град, e-mail адреса.
Котизацијата за учество изнесува 600 денари и со неа се добива еден примерок од Астрономскиот алманах, оброк и ужина. Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 20 февруари на жиро сметката на Македонското астрономско друштво: 300 0000010538 44, Комерцијална банка АД Скопје, Даночен број 4030995355753 (Да се води сметка на уплатницата да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил.) .
Наставникот кој ќе доведе група од 5 и повеќе ученици е ослободен од котизација.

ВАЖНИ ДАТУМИ:
– до 17 февруари 2018 – електронско пријавување;
– до 20 февруари – уплата на котизација од 600 денари;
23 февруари– регистрација на учесници (и уплата oд 750 денари за тие што не платиле до 20 февруари).

Дополнителни информации на:
тел. 023249859 ,
e-mail: mad.astronomija@gmail.com,
web-страна: http://astronomy.pmf.ukim.mk/.

„Ноември – месец на науката“

 

Почитувани ученици и наставници,

Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Друштвото на физичарите на Р. Македонија (ДФРМ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, физика, хемија, биологија, географија и математика и ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три викенди во ноември 2017 година и тоа:

  • 11 ноември за учениции од I-VI одделение
  • 18 и 19 ноември за учениции од VII-IX одделение
  • 25 и 26 ноември за учениции од I-IV година

и ќе вклучува повеќе настани: научно-популарни предавања, изложба и натпревар во демонстрации/изработки/експерименти/симулации/модели од ученици, презентации на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности.

За учество на настанот секој ученик и секој наставник треба да се пријави со пополнување на електронска пријава најдоцна до 30 септември 2017 година и да уплати котизација за учество. Освен тоа, треба да се пополни формулар со опис на демонстрацијата (на учениците) или презентацијата (на наставниците) и да се испрати на дадената електронска адреса најдоцна до 15 октомври (за основно) и до 27 октомври (за средно).

Сите потребните информации и формулари може да се најдат тука:

Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на настанот ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите ученици на натпреварот во демонстрации, како и на нивните ментори.

Да се вклучиме сите и заедно да придонесеме за популаризација на природните науки!

Со почит,

Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ

Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД

Доц. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ

Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД

Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД

Мартин Стојановски, претседател на САД

Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД

Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ

ПРОГРАМА за XIX Зимска школа по астрономија

31.03. 2017 (петок)

09:30 Регистрација на учесниците 09:55 Отвoрање на Школата

10:00 „Каде што астрофизиката ја среќава квантната механика“ – Ирина Петреска

10:40 „Меѓуѕвездена прашина“ – Наце Стојанов

11:20 Пауза

12:10 „Најголемите познати објекти во Вселената“ – Даница Крстовска

12:50 „Во потрага по магнетните монополи“ – Александар Ѓурчиновски

13:30 Пауза

13:45 „Ѕвездените патеки и физиката на 21-век“ – Моника Пешевски

14:25 „Астрономски камп на ESO“ – Давид Дамјаноски

14:45 Крај на првиот ден на школата и регистрација на учесниците на натпреварот

01.04.2017 (сабота)

09:30 „Декодирање на ѕвездената светлина видена низ окото на ЧАНДРА“ – Љубе Бојевски

10:10 „Неутронски ѕвезди и нивно ладење“ – Олгица Кузмaновска 10:50 Пауза

11:20 „Пулсари во тесно двојни системи и докази за Општата теорија на релативност“ – Марко Шунтов

12:00 Затворање на 19 астрономска школа

12:10 Натпревар по астрономија: „XIX Зимска астрономска школа“

Превземи програма во PDF 19 Школа по астрономија_2017

XIX Зимска школа по астрономија

На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 31 март и 1 април (петок и сабота) 2017 г., во организација на Македонското астрономско друштво (МАД) ќе се одржи XIX Зимска школа по астрономија. Регистрацијата на учесниците е во  9:30 часот на 31 март (петок). Предавањата се од популарен карактер, со актуелни теми кои ги опфаќаат најновите астрономски достигнувања. Во склоп на Школата на 1 април (сабота) за учениците кои ќе сакаат да си ги одмерат своите знаења од астрономија ќе се одржи натпревар по астрономија. Натпреварот по астрономија нема формален карактер и не се смета како државен (републички)  натпрева!  

Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 6 до 23 март  2017 задолжително треба да го пријават учеството на Школата.


Поради непополнет број на учесници на школата електронското пријавување продолжува до понеделник до 27 март (до полноќ) и потоа списокот се затвора. 


Во случај на надминување на бројот на учесници пријавување може да заврши и пред истекот на крајниот рок.

Потребните податоци за ученикот: Име и презиме, училиште, град, e-mail адреса, пријавете ги на следнава веб адреса

Пријава за учество на Астро школата (кликни тука)

Списокот со прифатените учесници ќе биде истакнат на 24 март на  истата адреса. За дополнителни информации јавете се на следниве телефони Гордана Апостоловска тел. 02 3249874, e-mail: mad.astronomija@gmail.com, факс 02 3228141 или проверете на горната интернет адреса.

На натпреварот може да учествуваат само учесници на XIX Зимска школа по астрономија. Прифатените учесници на Школата (ученици и наставници) котизацијата за учество на Школата во износ од 600 денари ќе треба да ја уплатат најдоцна до 28 март на жиро сметка на Македонското астрономско друштво: Број на жиро-сметка на МАД 300 0000010538 44, Комерцијална банка АД Скопје, Даночен број 4030995355753. Да се води сметка на уплатницата да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил.

Важни датуми:

Од 6 до 23 март  2017 – електронско пријавување;

24 март   – објавување на список на прифатени учесници;

24 до 28 март – уплата за школата 600 денари;

31 март– Регистрација на учесници ( и уплата oд 700 денари за тие што не платиле претходно).

Ако учесникот уплаќа во готово на денот на одржување на школата, цената за котизација изнесува 700 денари.

Организаторот има право да не ги прифати учениците кои ќе дојдат на Школата а претходно не биле пријавени. Диплома за учество добиваат само наставниците кои ќе присуствуваат на Школата. Учениците не добиваат диплома за учество.

Со почит

Секретар на МАД

д-р Гордана Апостоловска