Пријава за учество на XXII Зимска астрономска школа

Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 03 до 29 февруари 2020 г. задолжително треба да го пријават учеството на Школата

Во случај на надминување на бројот на учесници пријавување може да заврши и пред истекот на крајниот рок.

Потребните податоци за ученикот: Име и презиме, училиште, град, e-mail адреса, пријавете ги на следнава веб адреса

Пријава за учество на Астро школата (кликни тука)

XXII Зимска астрономска школа

МАКЕДОНСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО
ИНСТИТУТ ЗА ФИЗИКА ,
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
Скопје, Македонија
Тел. 02 3249859, Факс 02 3228141
http://astronomy.pmf.ukim.mk/

На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 6 и 7 март 2020 г.(петок и сабота), со почеток од 8:30 часот, во организација на Македонското астрономско друштво (МАД) ќе се одржи XXII Зимска школа по астрономија. Предавањата се од популарен карактер, со актуелни теми кои ги опфаќаат најновите астрономски достигнувања. По предавањата, во попладневните часови на 6 март, учениците ќе имаат можност да го посетат Планетариумот во кој ќе има дополнително предавање.
Во склоп на Школата на 7 март (сабота) за учесниците на Школата кои ќе сакаат да си ги одмерат своите знаења од астрономија ќе се одржи натпревар по астрономија. Натпреварот нема формален карактер и не се смета како државен (републички) натпревар.
Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот до 29 февруари задолжително треба електронски да го пријават учеството на Школата на web-адресата: http://astronomy.pmf.ukim.mk/. Потребни се следните податоци: име и презиме, училиште, град, e-mail адреса (кирилично пополнети).
Котизацијата за учество изнесува 700 денари, и со неа се добива еден примерок од Астрономскиот алманах, оброк и ужина. Котизацијата е 850 денари доколку се посетува и Планетариум. Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 3 март на жиро сметката на Македонското астрономско друштво: 300 0000010538 44, Комерцијална банка АД Скопје, Даночен број 4030995355753 (Да се води сметка на уплатницата да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил).
  Наставникот кој ќе доведе група од 5 и повеќе ученици е ослободен од котизација.

ВАЖНИ ДАТУМИ:

  • Од 3 до 29 февруари – електронско пријавување;
  • Најдоцна до 3 март – уплата на котизација од 700 денари, односно 850 денари со посета на Планетариум;
  • 6 март – регистрација на учесници (и уплата на лице место oд 850 денари, односно 1000 денари со посета на Планетариум, за тие што не уплатиле преку банка).

Дополнителни информации на тел.: 02 3249 755, 02 3249 874 e-mail: mad.astronomija@gmail.com,
web-страна: http://astronomy.pmf.ukim.mk/.

Со почит,
Претседател на МАД
д-р Олгица Кузмановска

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux