На 5 февруари и 19 февруари 2026 година ќе се одржи дводневна работилница на тема Teaching Training Course on Astronomy, наменета за студенти и наставници од областа на природните науки.
Работилницата ќе се реализира во хибриден формат. Со физичко присуство може да учествуваат само студенти на ПМФ.
Учесниците имаат можност:
- да присуствуваат со физичко присуство (само студенти на ПМФ) во просторијата Темпус (98/99) на Институтот за физика на 5.02 со почеток во 15:00 часот, или
- да се вклучат онлајн, преку платформа за видеоконференција.
Предавањата ќе ги одржат обучувачи од NASE (Network for Astronomy School Education) и ќе се реализираат онлајн. За учесниците кои ќе бидат физички присутни ќе бидат обезбедени дел од наставните материјали.
Работилницата на 5 февруари е предвидено да трае приближно три часа. Вториот дел од обуката ќе се одржи на 19 февруари.
Учесниците кои ќе присуствуваат и двата дена ќе добијат сертификат за учество.
Пријавување
За учество на работилницата потребна е претходна пријава на следниот формулар со кликање на копчето:
Во пријавата се наведуваат основни информации (име и презиме, студиска програма, контакт-е-пошта) како и начинот на учество (со физичко присуство или онлајн).
За дополнителни информации можете да се обратите на: mad@pmf.ukim.mk


