XXIII Зимска астрономска школа

МАКЕДОНСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО
ИНСТИТУТ ЗА ФИЗИКА ,
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
Скопје, Македонија

На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 8 и 9 март 2024 г. (петок и сабота), со почеток од 8:45 часот, во организација на Македонското астрономско друштво (МАД) ќе се одржи XXIII Зимска школа по астрономија. Предавањата се од популарен карактер, со актуелни теми кои ги опфаќаат најновите астрономски достигнувања. По предавањата, во попладневните часови на 8 март, учениците ќе имаат можност да го посетат Планетариумот во кој ќе има дополнително предавање.
За учесниците на Школата кои ќе сакаат да си ги одмерат своите знаења од астрономија, на 9 март (сабота) ќе се одржи натпревар по астрономија. Натпреварот нема формален карактер и не се смета како државен (републички) натпревар.
Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот до 1 март задолжително треба електронски да го пријават учеството на Школата. Потребни се следните податоци: име и презиме, училиште, град, e-mail, адреса (кирилично пополнети). КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Котизацијата за учество изнесува 1100 денари, и со неа се добива еден примерок од Астрономскиот алманах, оброк и ужина. Котизацијата е 1300 денари доколку се посетува и Планетариум. Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 4 март на жиро сметката на Македонското астрономско друштво: 300 0000010538 44, Комерцијална банка АД Скопје, Даночен број 4030995355753 (Да се води сметка на уплатницата да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил).
Наставникот кој ќе доведе група од 5 и повеќе ученици е ослободен од котизација.

ВАЖНИ ДАТУМИ:

  • До 1 март – електронско пријавување;
  • До 4 март – уплата на котизација од 1100 денари, односно 1300 денари со посета на Планетариум;
  • 8 март – регистрација на учесници (и уплата на лице место на 1400 денари, односно 1500 денари со посета на Планетариум, за оние што не уплатиле преку банка).

Дополнителни информации e-mail: mad.astronomija@gmail.com, mad@pmf.ukim.mk,

Претседател на МАД

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux