Ве известуваме дека рокот за пријавување за XXV Зимска астрономска школа е продолжен до 6 март (петок).
Сите заинтересирани средношколци кои сè уште не се пријавиле имаат дополнителна можност да го направат тоа преку формуларот за регистрација, подолу на оваа веб страна.
Ве очекуваме на 13 и 14 март 2026 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Жиро сметка
Корисник: Македонско астрономско друштво – Скопје
Сметка: 300 0000010538 44
Даночен број: 4030995355753
Банка: Комерцијална банка АД Скопје
Котизација
На уплатницата задолжително треба да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил. За плаќање во групи, напишете на мејл под кое име е уплатено за кои ученици и професори (mad@pmf.ukim.mk)
- Средношколци:
- 1200 денари – учество за два дена
- 700 денари – учество за еден ден
- Професори:
- 700 денари
Професорите кои ќе донесат група од пет или повеќе ученици се ослободени од котизација.
Уплата на лице место:
- Средношколци:
- 1500 денари – учество за два дена
- 1000 денари – учество за еден ден
- Професори:
- 1000 денари

