Продолжен рок за пријавување – XXV Зимска астрономска школа

Ве известуваме дека рокот за пријавување за XXV Зимска астрономска школа е продолжен до 6 март (петок).

Сите заинтересирани средношколци кои сè уште не се пријавиле имаат дополнителна можност да го направат тоа преку формуларот за регистрација, подолу на оваа веб страна.

Ве очекуваме на 13 и 14 март 2026 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Жиро сметка

Корисник: Македонско астрономско друштво – Скопје
Сметка: 300 0000010538 44
Даночен број: 4030995355753
Банка: Комерцијална банка АД Скопје

Котизација

На уплатницата задолжително треба да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил. За плаќање во групи, напишете на мејл под кое име е уплатено за кои ученици и професори (mad@pmf.ukim.mk)

  • Средношколци:
    • 1200 денари – учество за два дена
    • 700 денари – учество за еден ден
  • Професори:
    • 700 денари

Професорите кои ќе донесат група од пет или повеќе ученици се ослободени од котизација.

Уплата на лице место:

  • Средношколци:
    • 1500 денари – учество за два дена
    • 1000 денари – учество за еден ден
  • Професори:
    • 1000 денари

Распоред за 25. Зимска астрономска школа 2026

13.03. 2025 (петок)

9:00 Регистрација на учесниците

9:30 Свечено отворање на школата: 30 години МАД

10:00 „Сè и Ништо “ – проф. д-р Наце Стојанов, Институт за физика, ПМФ-Скопје

10:40 „Животните во вселенските истражувања: кратка историја, научно значење и етички размислувања “ – проф. д-р Александар Ѓурчиновски, Институт за физика, ПМФ-Скопје

11:20 Пауза со ужина

11.50 „Молекули на животот во меѓуѕвездениот простор: астрохемиски и спектроскопски перспективи “ – Адела Асани, демонстратор и магистранд, Институт за хемија

12:30 Ручек

13:10 Работилница (Астрономија со свои раце/Космичка потрага)*

24.03.2026 (сабота)

9:00 Регистрација на учесниците

9:30 „Вера Ц. Рубин и новата ера на прегледи на небото “- доц. д-р Јана Богданоска, Институт за физика, ПМФ-Скопје

10:10 „Од земјотреси до сончеви осцилации – природата зборува преку бранови“ – вон. проф. д-р Катерина Дрогрешка, Сеизмолошка опсерваторија, ПМФ-Скопје

10:50 Пауза со ужина

11:20 Забавен астрономски квиз – доц. д-р Елена Вчкова Бебековска, Институт за физика, ПМФ-Скопје

12:40 Ручек

13:20 Работилница (Астрономија со свои раце/Космичка потрага)*

* Двете работилници ќе се одвиваат паралелно/истовремено во двата дена. Учесниците што ќе присуствуваат само еден ден имаат право да изберат најмногу една работилница.

Содржина на работилниците:

Работилница 1: Астрономија со свои раце

Како изгледа кога науката излегува од учебникот и станува искуство? Оваа работилница ги претвора астрономските идеи во нешто што може да сe моделира и разбере преку активна вклученост. Со заедничка работа и креативен пристап, учесниците ќе ја откријат убавината на оваа наука на начин што останува во сеќавање.

Работилница 2: Космичка потрага

„Космичка потрага“ е наративна и интерактивна приказна чии протагонисти се самите учесници. Скриените пораки, необичните предизвици и тимската соработка водат кон финалното откритие.

Дали ќе успееш да го најдеш она што сите го бараат?

„Прашина се крева

Ууу!

Трајко го нема

Ууу!

Паника е/и врева“

XXV Зимска астрономска школа 2026

Македонското астрономско друштво со особено задоволство ги поканува учениците и професорите од средните училишта да бидат дел од XXV Зимска астрономска школа, која ќе се одржи на 13 и 14 март 2026 година, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток во 9:00 часот.

Зимската астрономска школа нуди можност учениците и професорите да се запознаат со убавините на астрономијата и природните науки на динамичен и интерактивен начин. Преку предавања и активности прилагодени за средношколци, учесниците ќе учат за новите научни откритија и ќе развиваат љубопитност, аналитичко размислување и страст кон науката.

Пријавување

Пријавувањето е задолжително и треба да се изврши најдоцна до 3 март 2026 година, преку електронската пријава, на копчето подолу. За регистрација се потребни следните податоци: име и презиме, училиште, град и адреса (пополнети на кирилица), како и e-mail адреса.

Со нетрпение очекуваме заедно со Вас да ја одбележиме 25-годишнината на Зимската астрономска школа, а воедно и тридецениското постоење на Македонското астрономско друштво.

Котизација

Професорите кои ќе донесат група од пет или повеќе ученици се ослободени од котизација.

На уплатницата задолжително треба да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил.

  • Средношколци:
    • 1200 денари – учество за два дена
    • 700 денари – учество за еден ден
  • Професори:
    • 700 денари

Уплатата на котизацијата треба да се изврши најдоцна до 3 март 2026 година.
Ќе биде возможна и уплата на лице место, при што котизацијата ќе изнесува:

  • Средношколци:
    • 1500 денари – учество за два дена
    • 1000 денари – учество за еден ден
  • Професори:
    • 1000 денари

Жиро сметка

Корисник: Македонско астрономско друштво – Скопје
Сметка: 300 0000010538 44
Даночен број: 4030995355753
Банка: Комерцијална банка АД Скопје

Работилница: Teaching Training Course on Astronomy

На 5 февруари и 19 февруари 2026 година ќе се одржи дводневна работилница на тема Teaching Training Course on Astronomy, наменета за студенти и наставници од областа на природните науки.

Работилницата ќе се реализира во хибриден формат. Со физичко присуство може да учествуваат само студенти на ПМФ.

Учесниците имаат можност:

  • да присуствуваат со физичко присуство (само студенти на ПМФ) во просторијата Темпус (98/99) на Институтот за физика на 5.02 со почеток во 15:00 часот, или
  • да се вклучат онлајн, преку платформа за видеоконференција.

Предавањата ќе ги одржат обучувачи од NASE (Network for Astronomy School Education) и ќе се реализираат онлајн. За учесниците кои ќе бидат физички присутни ќе бидат обезбедени дел од наставните материјали.

Работилницата на 5 февруари е предвидено да трае приближно три часа. Вториот дел од обуката ќе се одржи на 19 февруари.

Учесниците кои ќе присуствуваат и двата дена ќе добијат сертификат за учество.

Пријавување

За учество на работилницата потребна е претходна пријава на следниот формулар со кликање на копчето:

Во пријавата се наведуваат основни информации (име и презиме, студиска програма, контакт-е-пошта) како и начинот на учество (со физичко присуство или онлајн).

За дополнителни информации можете да се обратите на: mad@pmf.ukim.mk

Распоред за 24. Зимска астрономска школа 2025

7.4. 2025 (понеделник)

  9:00 Регистрација на учесниците

  9:30 Отворање на Школата

  9:30 „Вештачка интелигенција во астрономијата“ – доц. д-р Јана Богданоска, Институт за физика, ПМФ-Скопје

10:10 „Од сеизмологија до астеросеизмологија. Од земјотрес до ѕвездотрес“ – м-р Љубчо Јованов, виш лаборант при Сеизмолошката опсерваторија

10:50 Пауза со ужина

11:10 „Откривање на работ на Вселената“ – проф. д-р Наце Стојанов, Институт за физика, ПМФ-Скопје

11:50 Прошетка низ Институтот за физика

12:00 Изложба на астрофотографии од Хана Али, студент на насоката астрономија и астрофизика, Институт за физика, ПМФ-Скопје

13:00 Ручек

14:00 „Првични резултати од гравитационите експерименти со антиматеријата и нивни импликации врз модерната космологија“ – проф. д-р Александар Ѓурчиновски, Институт за физика, ПМФ-Скопје

14:40 Потрага за живот во атмосферите на егзопланетите“ – асс. м-р Љубица Димова, Институт за физика, ПМФ-Скопје

8.4.2025 (вторник)

9:30 „Супернови – ѕвездени катастрофи“ – проф. д-р Олгица Кузмановска, Институт за физика, ПМФ-Скопје

10:10 „Климатска криза – поглед од вселената“ – Драган Гелевски, софтверски инженер при EarthCare.ai

10:50 Пауза со ужина

11:10 „Времето во астрономијата“ – проф. д-р Гордана Апостоловска, Институт за физика, ПМФ-Скопје

11:50 Забавен астрономски квиз

13:20 Групна фотографија

13:30 Ручек

14:30 „Дали црвјите дупки се клучот за меѓуѕвезденото патување?“ – м-р Мила Билеска, студент на Универзитетот „Принстон“

15:10 Затворање на школата

16:00 Посета на планетариум

НОВИ ДАТУМИ за Зимска астрономска школа 2025

Македонското астрономско друштво има чест да ги покани учениците и професорите од средните училишта на традиционалната XXIV Зимска астрономска школа, која ќе се одржи на 7 и 8 април 2025г. (понеделник и вторник) со почеток од 9ч во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Би ни било огромна чест доколку вашето училиште испрати група ученици кои имаат интерес за астрономијата и природните науки со нивните професори.

Програмата на школата вклучува популарни предавања од областа на астрономијата, кои опфаќаат актуелни теми и најновите достигнувања во оваа наукa, прилагодени за учениците. Дополнително, учесниците ќе имаат можност да го посетат Планетариумот во Скопје и да проследат специјално подготвено предавање. 

Пријавувањето е задолжително и треба да се направи најдоцна до 4 април, така што ќе го кликнете копчето подолу. За регистрација, потребни се следните податоци: име и презиме, училиште, град и адреса (кирилично пополнети), како и e-mail адреса.

Котизацијата за учество изнесува 1200 денари, а со неа секој учесник добива еден примерок од Астрономскиот алманах, како и оброци и ужини за двата дена од школата. Доколку е вклучена и посета на Планетариумот, котизацијата изнесува 1400 денари. Уплатата треба да се изврши најдоцна до 4 април. Ќе биде возможна уплата на лице-место, но во тој случај цената би изнесувала 1500, односно 1700 со посета на планетариум. На уплатницата задолжително треба да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил. Наставниците кои ќе пријават група од пет или повеќе ученици се ослободени од котизација.

Тие што се пријавиле за претходните датуми нема потреба повторно да ја пополнат пријавата.

Жиро сметка:

  • Корисник: Македонско астрономско друштво – Скопје
  • Сметка: 300 0000010538 44
  • Даночен број: 4030995355753
  • Банка: Комерцијална банка АД Скопје

Важни датуми: 

  • 4 април – НОВ РОК за електронско пријавување и уплата на котизација од 1200 денари, односно 1400 денари со посета на Планетариум;
  • 7 април – регистрација на учесници (и уплата на лице место на 1500 денари, односно 1700 денари со посета на Планетариум, за оние што не уплатиле преку банка).

Соопштение

Почитувани,

Поради трагичниот настан Астрономската школа е одложена. Повеќе информации ќе споделиме во текот на следните неколку дена.

Со почит,
Јана Богданоска, претседател на МАД

Зимска астрономска школа 2025

Македонското астрономско друштво има чест да ги покани учениците и професорите од средните училишта на традиционалната XXIV Зимска астрономска школа, која ќе се одржи на 21 и 22 март 2025г. со почеток од 9ч во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Би ни било огромна чест доколку вашето училиште испрати група ученици кои имаат интерес за астрономијата и природните науки со нивните професори.

Програмата на школата вклучува популарни предавања од областа на астрономијата, кои опфаќаат актуелни теми и најновите достигнувања во оваа наукa, прилагодени за учениците. Дополнително, учесниците ќе имаат можност да го посетат Планетариумот во Скопје и да проследат специјално подготвено предавање. 

Пријавувањето е задолжително и треба да се направи најдоцна до 10 март, така што ќе го кликнете копчето подолу. За регистрација, потребни се следните податоци: име и презиме, училиште, град и адреса (кирилично пополнети), како и e-mail адреса.

Котизацијата за учество изнесува 1200 денари, а со неа секој учесник добива еден примерок од Астрономскиот алманах, како и оброци и ужини за двата дена од школата. Доколку е вклучена и посета на Планетариумот, котизацијата изнесува 1400 денари. Уплатата треба да се изврши најдоцна до 14 март. Ќе биде возможна уплата и по 14 март, како и на лице-место, но во тој случај цената би изнесувала 1500, односно 1700 со посета на планетариум. На уплатницата задолжително треба да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил. Наставниците кои ќе пријават група од пет или повеќе ученици се ослободени од котизација.

Жиро сметка:

  • Корисник: Македонско астрономско друштво – Скопје
  • Сметка: 300 0000010538 44
  • Даночен број: 4030995355753
  • Банка: Комерцијална банка АД Скопје

Важни датуми: 

  • 10 март – електронско пријавување;
  • 14 март – уплата на котизација од 1200 денари, односно 1400 денари со посета на Планетариум;
  • 21 март – регистрација на учесници (и уплата на лице место на 1500 денари, односно 1700 денари со посета на Планетариум, за оние што не уплатиле преку банка).

Во меѓувреме…

Додека се подготвуваме за школата, погледнете го астрономскиот алманах од минатата година тука.

Постер

Симни pdf верзија од постерот.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux