Распоред за 25. Зимска астрономска школа 2026

13.03. 2025 (петок)

9:00 Регистрација на учесниците

9:30 Свечено отворање на школата: 30 години МАД

10:00 „Сè и Ништо “ – проф. д-р Наце Стојанов, Институт за физика, ПМФ-Скопје

10:40 „Животните во вселенските истражувања: кратка историја, научно значење и етички размислувања “ – проф. д-р Александар Ѓурчиновски, Институт за физика, ПМФ-Скопје

11:20 Пауза со ужина

11.50 „Молекули на животот во меѓуѕвездениот простор: астрохемиски и спектроскопски перспективи “ – Адела Асани, демонстратор и магистранд, Институт за хемија

12:30 Ручек

13:10 Работилница (Астрономија со свои раце/Космичка потрага)*

24.03.2026 (сабота)

9:00 Регистрација на учесниците

9:30 „Вера Ц. Рубин и новата ера на прегледи на небото “- доц. д-р Јана Богданоска, Институт за физика, ПМФ-Скопје

10:10 „Од земјотреси до сончеви осцилации – природата зборува преку бранови“ – вон. проф. д-р Катерина Дрогрешка, Сеизмолошка опсерваторија, ПМФ-Скопје

10:50 Пауза со ужина

11:20 Забавен астрономски квиз – доц. д-р Елена Вчкова Бебековска, Институт за физика, ПМФ-Скопје

12:40 Ручек

13:20 Работилница (Астрономија со свои раце/Космичка потрага)*

* Двете работилници ќе се одвиваат паралелно/истовремено во двата дена. Учесниците што ќе присуствуваат само еден ден имаат право да изберат најмногу една работилница.

Содржина на работилниците:

Работилница 1: Астрономија со свои раце

Како изгледа кога науката излегува од учебникот и станува искуство? Оваа работилница ги претвора астрономските идеи во нешто што може да сe моделира и разбере преку активна вклученост. Со заедничка работа и креативен пристап, учесниците ќе ја откријат убавината на оваа наука на начин што останува во сеќавање.

Работилница 2: Космичка потрага

„Космичка потрага“ е наративна и интерактивна приказна чии протагонисти се самите учесници. Скриените пораки, необичните предизвици и тимската соработка водат кон финалното откритие.

Дали ќе успееш да го најдеш она што сите го бараат?

„Прашина се крева

Ууу!

Трајко го нема

Ууу!

Паника е/и врева“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux