Македонското астрономско друштво со особено задоволство ги поканува учениците и професорите од средните училишта да бидат дел од XXV Зимска астрономска школа, која ќе се одржи на 13 и 14 март 2026 година, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток во 9:00 часот.
Зимската астрономска школа нуди можност учениците и професорите да се запознаат со убавините на астрономијата и природните науки на динамичен и интерактивен начин. Преку предавања и активности прилагодени за средношколци, учесниците ќе учат за новите научни откритија и ќе развиваат љубопитност, аналитичко размислување и страст кон науката.
Пријавување
Пријавувањето е задолжително и треба да се изврши најдоцна до 3 март 2026 година, преку електронската пријава, на копчето подолу. За регистрација се потребни следните податоци: име и презиме, училиште, град и адреса (пополнети на кирилица), како и e-mail адреса.
Со нетрпение очекуваме заедно со Вас да ја одбележиме 25-годишнината на Зимската астрономска школа, а воедно и тридецениското постоење на Македонското астрономско друштво.
Котизација
Професорите кои ќе донесат група од пет или повеќе ученици се ослободени од котизација.
На уплатницата задолжително треба да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил.
- Средношколци:
- 1200 денари – учество за два дена
- 700 денари – учество за еден ден
- Професори:
- 700 денари
Уплатата на котизацијата треба да се изврши најдоцна до 3 март 2026 година.
Ќе биде возможна и уплата на лице место, при што котизацијата ќе изнесува:
- Средношколци:
- 1500 денари – учество за два дена
- 1000 денари – учество за еден ден
- Професори:
- 1000 денари
Жиро сметка
Корисник: Македонско астрономско друштво – Скопје
Сметка: 300 0000010538 44
Даночен број: 4030995355753
Банка: Комерцијална банка АД Скопје

