XXI Зимска астрономска школа

МАКЕДОНСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО
ИНСТИТУТ ЗА ФИЗИКА ,
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
Скопје, Македонија
Тел. 02 3249859, Факс 02 3228141
http://astronomy.pmf.ukim.mk/

На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 22 и 23 февруари 2019 г. (петок и сабота), со почеток од 8:30 часот, во организација на Македонското астрономско друштво (МАД) ќе се одржи XXI Зимска школа по астрономија. Предавањата се од популарен карактер, со актуелни теми кои ги опфаќаат најновите астрономски достигнувања.
Во склоп на Школата на 23 февруари (сабота) за учесниците на Школата кои ќе сакаат да си ги одмерат своите знаења од астрономија ќе се одржи натпревар по астрономија. Натпреварот нема формален карактер и не се смета како државен (републички) натпревар.
Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 1 до 17 февруари задолжително треба електронски да го пријават учеството на Школата на web-адресата: http://astronomy.pmf.ukim.mk/. Потребни се следните податоци: име и презиме, училиште, град, e-mail, адреса.
Котизацијата за учество изнесува 600 денари и со неа се добива еден примерок од Астрономскиот алманах, оброк и ужина. Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 20 февруари на жиро сметката на Македонското астрономско друштво: 300 0000010538 44, Комерцијална банка АД Скопје, Даночен број 4030995355753 (Да се води сметка на уплатницата да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил) .
Наставникот кој ќе доведе група од 5 и повеќе ученици е ослободен од котизација.

ВАЖНИ ДАТУМИ:

  • до 17 февруари – електронско пријавување;
  • до 20 февруари – уплата на котизација од 600 денари;
  • 22 февруари– регистрација на учесници (и уплата oд 750 денари за тие што не платиле до 20 февруари).

Дополнителни информации на тел.: 02 3249 859, 02 3249874 e-mail: mad.astronomija@gmail.com,
web-страна: http://astronomy.pmf.ukim.mk/.

Со почит,
Претседател на МАД
д-р Олгица Кузмановска