„Ноември – месец на науката“

 

Почитувани ученици и наставници,

Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Друштвото на физичарите на Р. Македонија (ДФРМ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, физика, хемија, биологија, географија и математика и ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три викенди во ноември 2017 година и тоа:

  • 11 ноември за учениции од I-VI одделение
  • 18 и 19 ноември за учениции од VII-IX одделение
  • 25 и 26 ноември за учениции од I-IV година

и ќе вклучува повеќе настани: научно-популарни предавања, изложба и натпревар во демонстрации/изработки/експерименти/симулации/модели од ученици, презентации на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности.

За учество на настанот секој ученик и секој наставник треба да се пријави со пополнување на електронска пријава најдоцна до 30 септември 2017 година и да уплати котизација за учество. Освен тоа, треба да се пополни формулар со опис на демонстрацијата (на учениците) или презентацијата (на наставниците) и да се испрати на дадената електронска адреса најдоцна до 15 октомври (за основно) и до 27 октомври (за средно).

Сите потребните информации и формулари може да се најдат тука:

Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на настанот ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите ученици на натпреварот во демонстрации, како и на нивните ментори.

Да се вклучиме сите и заедно да придонесеме за популаризација на природните науки!

Со почит,

Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ

Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД

Доц. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ

Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД

Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД

Мартин Стојановски, претседател на САД

Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД

Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *