ПРОГРАМА на XXII Зимска школа по астрономија

ПРОГРАМА на XXII Зимска школа по астрономија

06.03.2012 (петок)

8:30 Регистрација на учесниците
9:30 Отвoрање на Школата
9:40 Нобеловата награда за физика за 2019 – Гордана Апостоловска
10:00 Животот на Вселената – Наце Стојанов
10:40 Црната јама во галаксијата М 87 – Моника Пешевска

11:20 Пауза со ужина

11:50 Истражувањата на Стивен Хокинг – Александар Ѓурчиновски
12:20 Влијанието на суперновите врз животот на Земјата – Сашо Панов
13:00 Протоѕвезди – Марија Маркоска

13:30 Пауза со оброк

14:10 Планетата Марс и теоријата на глобална тектонска активност-
Катерина Дрогрешка, Јасмина Најдовска и Драгана Черних
14:50 Сончева активност – Искра Велковска
15:20 Сончевите затемнувања – Љубе Бојевски
16:00 Регистрација на учесниците на натпреварот

17:00 Посета на Планетариум

07.03.2020 (сабота)

10:00 Натпревар по астрономија: „XXII Зимска астрономска школа“

Пријава за учество на XXII Зимска астрономска школа

Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 03 до 29 февруари 2020 г. задолжително треба да го пријават учеството на Школата

Во случај на надминување на бројот на учесници пријавување може да заврши и пред истекот на крајниот рок.

Потребните податоци за ученикот: Име и презиме, училиште, град, e-mail адреса, пријавете ги на следнава веб адреса

Пријава за учество на Астро школата (кликни тука)

XXII Зимска астрономска школа

МАКЕДОНСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО
ИНСТИТУТ ЗА ФИЗИКА ,
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
Скопје, Македонија
Тел. 02 3249859, Факс 02 3228141
http://astronomy.pmf.ukim.mk/

На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 6 и 7 март 2020 г.(петок и сабота), со почеток од 8:30 часот, во организација на Македонското астрономско друштво (МАД) ќе се одржи XXII Зимска школа по астрономија. Предавањата се од популарен карактер, со актуелни теми кои ги опфаќаат најновите астрономски достигнувања. По предавањата, во попладневните часови на 6 март, учениците ќе имаат можност да го посетат Планетариумот во кој ќе има дополнително предавање.
Во склоп на Школата на 7 март (сабота) за учесниците на Школата кои ќе сакаат да си ги одмерат своите знаења од астрономија ќе се одржи натпревар по астрономија. Натпреварот нема формален карактер и не се смета како државен (републички) натпревар.
Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот до 29 февруари задолжително треба електронски да го пријават учеството на Школата на web-адресата: http://astronomy.pmf.ukim.mk/. Потребни се следните податоци: име и презиме, училиште, град, e-mail адреса (кирилично пополнети).
Котизацијата за учество изнесува 700 денари, и со неа се добива еден примерок од Астрономскиот алманах, оброк и ужина. Котизацијата е 850 денари доколку се посетува и Планетариум. Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 3 март на жиро сметката на Македонското астрономско друштво: 300 0000010538 44, Комерцијална банка АД Скопје, Даночен број 4030995355753 (Да се води сметка на уплатницата да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил).
  Наставникот кој ќе доведе група од 5 и повеќе ученици е ослободен од котизација.

ВАЖНИ ДАТУМИ:

  • Од 3 до 29 февруари – електронско пријавување;
  • Најдоцна до 3 март – уплата на котизација од 700 денари, односно 850 денари со посета на Планетариум;
  • 6 март – регистрација на учесници (и уплата на лице место oд 850 денари, односно 1000 денари со посета на Планетариум, за тие што не уплатиле преку банка).

Дополнителни информации на тел.: 02 3249 755, 02 3249 874 e-mail: mad.astronomija@gmail.com,
web-страна: http://astronomy.pmf.ukim.mk/.

Со почит,
Претседател на МАД
д-р Олгица Кузмановска

ПРОГРАМА на XXI Зимска школа по астрономија

ПРОГРАМА на XXI Зимска школа по астрономија

22.02. 2019 (петок)

8:30 Регистрација на учесниците
9:30 Отвoрање на Школата
9:35 Месечината одблиску – Олгица Кузмановска
10:05 Експерименти со флуиди во услови на микрогравитација – Александар Скепаровски
10:45 Опасностите кои не следат при вселенските патувања – Ристе Попески Димовски

11:25 Пауза со оброк

12:15 Кратка историја на потрагата по темната материја – Александар Ѓурчиновски
12:50 Светлата страна на темната материја – Наце Стојанов

13:30 Пауза со ужина

14:00 Улога на спектралните линии при астрофотографијата на маглините – Сашо Панов
14:30 Комплексот Brú na Bóinne и неговото астрономско значење – Моника Пешевска

15:10 Регистрација на учесниците на натпреварот

23.02.2018 (сабота)

10:00 Натпревар по астрономија: „XXI Зимска астрономска школа“

Пријава за учество на XXI Зимска астрономска школа

Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 01 до 17 февруари 2019 г. задолжително треба да го пријават учеството на Школата

Во случај на надминување на бројот на учесници пријавување може да заврши и пред истекот на крајниот рок.

Потребните податоци за ученикот: Име и презиме, училиште, град, e-mail адреса, пријавете ги на следнава веб адреса

Пријава за учество на Астро школата (кликни тука)

XXI Зимска астрономска школа

МАКЕДОНСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО
ИНСТИТУТ ЗА ФИЗИКА ,
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
Скопје, Македонија
Тел. 02 3249859, Факс 02 3228141
http://astronomy.pmf.ukim.mk/

На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 22 и 23 февруари 2019 г. (петок и сабота), со почеток од 8:30 часот, во организација на Македонското астрономско друштво (МАД) ќе се одржи XXI Зимска школа по астрономија. Предавањата се од популарен карактер, со актуелни теми кои ги опфаќаат најновите астрономски достигнувања.
Во склоп на Школата на 23 февруари (сабота) за учесниците на Школата кои ќе сакаат да си ги одмерат своите знаења од астрономија ќе се одржи натпревар по астрономија. Натпреварот нема формален карактер и не се смета како државен (републички) натпревар.
Секој од заинтересираните ученици или наставници во периодот од 1 до 17 февруари задолжително треба електронски да го пријават учеството на Школата на web-адресата: http://astronomy.pmf.ukim.mk/. Потребни се следните податоци: име и презиме, училиште, град, e-mail, адреса.
Котизацијата за учество изнесува 600 денари и со неа се добива еден примерок од Астрономскиот алманах, оброк и ужина. Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 20 февруари на жиро сметката на Македонското астрономско друштво: 300 0000010538 44, Комерцијална банка АД Скопје, Даночен број 4030995355753 (Да се води сметка на уплатницата да стои името и презимето на учесникот кој се пријавил) .
Наставникот кој ќе доведе група од 5 и повеќе ученици е ослободен од котизација.

ВАЖНИ ДАТУМИ:

  • до 17 февруари – електронско пријавување;
  • до 20 февруари – уплата на котизација од 600 денари;
  • 22 февруари– регистрација на учесници (и уплата oд 750 денари за тие што не платиле до 20 февруари).

Дополнителни информации на тел.: 02 3249 859, 02 3249874 e-mail: mad.astronomija@gmail.com,
web-страна: http://astronomy.pmf.ukim.mk/.

Со почит,
Претседател на МАД
д-р Олгица Кузмановска

Ноември – месец на науката

 

Почитувани ученици, наставници и родители,

Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“, во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Настанот е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика.
Оваа година настанот ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена во ноември 2018 година и тоа:

  • 10. ноември за ученици од I-VI одделение
  • 17. ноември за ученици од VII-IX одделение и
  • 24. ноември за ученици од I-IV година

и ќе вклучува повеќе настани:
– научно-популарни предавања,
– натпревар во експеримент/изработка/симулација/модел од ученик (во понатамошниот текст – експерименти),
презентации на искуства од наставници,
работилници,
– посета на лаборатории на ПМФ и
– други активности.

*Делот од настанот „Ноември – месец на науката“ од областа на физика за учениците од основните и средните училишта ќе се одржи во рамките на 42. Школа на млади физичари која ќе се одржи 9. и 10. ноември (информации за организација и пријавување: http://dfrm.org ).

За учество на настанот секој ученик и секој ментор/наставник треба да се пријави најдоцна до 15 октомври (петок) 2018 година со пополнување на електронска пријава на: https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА).

Пријавувањето ќе започне од 17. септември (понеделник).

Наставниците (освен како ментори) може да учествуваат со презентација со пополнување на соодветниот формулар за презентацијата даден погоре во текстот при што со една презентација се пријавува еден наставник.
Пополнувањето на образец со опис на експериментите (на учениците) или презентацијата (на наставниците) кој може да го најдете на https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА) треба да се испрати на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com најдоцна
– до 15. октомври (за основно – I – VI одд.)
– до 22. октомври (за основно – VII, VIII и IX одд.) и
– до 26. октомври (за средно).
За дополнителни информации испратете порака на mesec.na.nauka@gmail.com
Котизацијата за учество на настанот треба да се уплати најдоцна до 26.октомври 2018 година (петок) (пример уплатница е дадена на https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА) (за групна уплата да се достави список на дадениот e-mail) и изнесува:

• за ученик – 300 денари и вклучува учество на еден ученик со еден експеримент. Ученик има право да се пријави на настанот без експеримент и да учествува во другите активности.
• за наставник – 300 денари.

Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на „Ноември – месец на науката“ ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите учесници на натпреварот во експериментите од одредена област, како и на нивните ментори.

ЗАЕДНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО АФИРМАЦИЈА НА НАШИТЕ НАУКИ!

Со почит,

Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД

Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ

Доц. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ

Проф. д-р Алекса Малчески, претседател на СММ

Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД

Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД

Мартин Стојановски, претседател на САД

Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД

Моника Димиќ, претседател на ИДСБ

Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ